Дома Трансфер зона Aлегри сака да го врати Пјаниќ во Јувентус?

Aлегри сака да го врати Пјаниќ во Јувентус?

Турските медиуми објавија дека Миралем Пјаниќ не е пожелен ниту во Бешикташ, турскиот клуб нема намера да го откупи неговиот договор.

Во редовите на турскиот шампион Пјаниќ пристигна почетокот на септември на позајмица од Барселона, но со своите настапи очигледно не го задоволи раководството на клубот. Се повеќе се зборува за негово заминување. Се споменува враќање во Барселона, меѓутоа се шпекулира и дека Чави не е заинтересиран за него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега турскиот „Фанатик“ објави интересна опција за босанскиот фудбалер. Наводно Јувентус покажал интерес да го врати 31-годишниот Пјаниќ во своите редови и ќе се обиде да договори позајмица од Барселона.

Главниот иницијатор за враќање на Пјаниќ во Јувентус според информациите бил тренерот Масимилијано Алегри кој сака повтроно да го има Пјаниќ во своите редови како што беше случај во неговиот прв мандат.  Дресот на Јувентус Пјаниќ го носеше од 2016 до 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…