Дома Фудбал Италија Aлегри го пофали Роналдо и потенцираше: Трката за Скудетото не е завршена

Aлегри го пофали Роналдо и потенцираше: Трката за Скудетото не е завршена

ronaldo

Јувентус вчера славеше против Наполи со 3:1, Кристиано Роналдо не постигна гол, но се истакна со асистенциите.

Роналдо запиша две асистенции, а еден гол Манџукиќ постигна после неговиот удар кој заврши во стативата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот Масимилијано Алегри после натпреварот истакна дека е задоволен од играта на Роналдо и дека Португалецот ужива и во асистенциите.

„Тој ужива во фудбалот. Многу добро се вклопи и сака да асистира еднакво како и да постигнува голови. Имаше неколку одлични додавања вечерва. Во суштина најважно е да го искористиме на најдобар наќин. Овој натпревар против Наполи и оние половина час против Валенсија беа неговите најдобри издание до сега во сезоната“, изјави Алегри.

Алегри потоа ја прокоментира и трката за Скудетото и потенцираше дека ништо не е одлучено.

„Апсолутно не. После овој натпревар мораме да играме со Интер, Милан, Рома и Фиорентина. Имаме шест бодови предност, но сезоната е многу долга. Во Серија А секогаш е тешко“, потенцираше Италијанецот.

Јувентус после седум кола има максимален учинок и 21 освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…