Јувентус одработи одличен преоден рок во јануари, тимот се ослободи од неколку играчи кои беа означени како „вишок“, а пристигнаа Закарија и Влаховиќ.
Со доаѓањето на овие две засилувања, пред се на Влаховиќ кој беше желба на голем број европски гиганти амбициите на клубот од Торино се менуваат. Такво мислење и стратегот на „старата дама“, Масимилијано Алегри.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Клубот направи фантастична работа со доведувањето на двајцата важни играчи. За Фиорентина Влаховиќ постигна многу голови, ни недостасуваше играч со такви карактеристики. Заедно со Халанд тој е најталентиран напаѓач во Европа. Со него и Закарија амбициите се зголемуваат. Сепак, останува нашата главна цел да бидеме во топ четири, а ни следи и делот од Лигата на шампионите во кој немаме право на грешки“.
„Одговорноста треба да биде распределена, не треба сите да се потпираме само на Влаховиќ. Тој има 22 години, постигна многу голови и сака добро да му оди во Јувентус. Одговорност треба да имаат сите, не само Влаховиќ како најголемо засилување“, изјави Алегри пред утрешниот натпревар против Верона.