Дома Останати Тенис Aкапулко: Медведев чекори кон врвот на Ѓоковиќ, Надал постави личен рекорд

Aкапулко: Медведев чекори кон врвот на Ѓоковиќ, Надал постави личен рекорд

Русинот Данил Медведев обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Акапулко откако го победи Пабло Андухар-Алба со 2:0 во сетови (6:2, 6:1).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вториот тенисер во светот и финалист на Австралија Опен ќе се искачи на врвот на АТП листата ако го освои овој турнир. За место во полуфиналето Медведев ќе игра против Јошито Нишиока, 103. тенисер на АТП листата.

Според очекувањата, единствен кој би можел да застане на патот на Медведев е Рафаел Надал. Шпанскиот тенисер дојде до победа против Стефан Козлов од 2:0 во сетови и тоа 6:0, 6:3.

Треба да се спомене и дека со оваа победа Надал постави личен рекорд од 12 победи во низа. Претходно шпанскиот тенисер најдолгата низа ја имаше во 2014 година кога стартуваше со 11 победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Толку од рекордот на Ѓоковиќ: Синер е страшен, ги руши сите граници!

Јаник Синер без многу напор стигна до полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим. Зошто пробл…