Дома Фудбал Aзар со споредба: Челзи со Сари е целосно поинаков

Aзар со споредба: Челзи со Сари е целосно поинаков

Eден од најдобрите фудбалери на Челзи, Еден Азар истакна големо задоволство од досегашната работа со новиот стратег на „сините“, Маурицио Сари.

Челзи на почетокот на сезоната прикажа одлична игра и после четири одиграни кола има максимален учинок заедно со екипите на Ливерпул и Вотфорд.

По четири одиграни натпревари во Премиер лигата, Азар направи мала споредба помеѓу Челзи на Конте и Мурињо и сега на Сари.

„Секако дека сакам да ја имам топката, но не мојата половина, туку во завршните 30 метри. Го сакам овој начин на играње. Целосно е поинаков од оној кај Конте и Мурињо претходно. Имаме поголем посед на топката и за мене тоа не може да биде лошо“, изјави Белгиецот кој потоа ги пофали и новите засилувања.

„Голема е разликата што доведовме два играчи како Жоржињо и Ковачиќ. Тие одлично се вклопија. Како што споменав, ја имаме топката повеќе во нашите нозе, а со тоа и поголеми шанси да постигнеме погодок“, заврши Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…