На само пет дена пред натпреварот против Косово пристигнува вест дека Арјан Адеми добил понуда да го напушти Динамо Загреб и да се пресели во Шпанија.
Адеми во четвртокот имаше одличен настап за Динамо против Флора. Македонскиот репрезентативец постигна два гола и така го одведе Динамо во групната фаза од Лигата на Европа (3:1).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега во хрватските медиуми се појави информација дека шпанска Хуеска испратила понуда од три милиони евра за услугите на Адеми. Според информациите Шпанците и ќе му обезбедат поголема плата од онаа која ја има во Загреб.
Ќе видиме дали Динамо ќе биде спремен да го продаде својот капитен, а и дали конечно Адеми ќе се реши да го напушти Динамо. Ќе потсетиме, претходно македонскиот фудбалер одбиваше неколку понуди од клубови кои играат во топ 5 првенства.