Легендарниот, Диего Армандо Марадона неодамна крена голема прашина во јавноста со изјавата во која го критикуваше Лионел Меси.
Познато е дека Марадона некогаш не размислува што зборува, па проблемите на Меси во репрезентацијата ги прокоментира со зборовите: Не може на Аргентина да биде лидер човек кој пред натпревар 20 пати оди во тоалет.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Марадона веројатно сакаше на свој начин да го опише проблемот на неговиот сонародник, но неговата изјава беше изненадување затоа што Диего често пати знаеше да го пофали Меси во јавноста.
Сега, поранешниот фудбалер изгледа ја сфатил грешката, па неговиот адвокат порача дека Диего е спремен да му се извини на Меси.
„Диего е многу тажен што неговите зборови се сфатени како критика на сметка на Меси. Диего е лидер и секогаш го поддржуваше националниот тим, сакаше само да објасни дека Лионел е поразличен од него, но не и да го омаловажи. Сакаше само да истакне дека Меси не може да биде лидер, ништо повеќе од тоа. Диего лично ќе го повика Меси, се ќе му објасни и ќе му се извини. Меси и самиот веројатно добро знае што Диего мисли за него и колку го почитува“, порача адвокатот Матијас Мерло.