Aгентот на Жоржињо зборуваше јавно за можната преселба на неговиот клиент во Торино.
Миралем Пјаниќ се поврзува со заминување од Јувентус, а како негов заменик низ медиумите најмногу се споменува Жоржињо. Сега во јавноста на оваа тема зборуваше агентот на италијанскиот репрезентативец Жоао Сантош и испрати јасна порака до директорот на Јувентус Фабио Партичи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Има многу шпекулации кои ги читав низ весниците, но никој од Јувентус уште не ме побарал. Маурицио го обожава Жоржињо како човек и играч, работеа добро заедно и тоа е се. Сега Жоржињо е фокусиран на Челзи и крајот на сезонатам работи и тренира за да биде спремен“.
„Според мене Јувентус ќе има проблем да го доведе Жоржињо поради пандемијата која промени многу. Неговиот договор е до 2023, заменик капитен е и важен играч. Не само Јувентус, секој кој би сакал да го доведе ќе има потешкотии. Ако веќе се заинтересирани нека се јават кај Марина Грановскаја и нека преговараат“, изјави Сантош.