Дома Фудбал Aјакс го „реши“ Ренџерс за едно полувреме, Спортинг изненади во Германија

Aјакс го „реши“ Ренџерс за едно полувреме, Спортинг изненади во Германија

Во терминот од 18:45 денес завршени се два натпревари од првото коло во Лигата на шампионите, а победи забележаа екипите на Ајакс и Спортинг.

Ајакс на свој терен го пречека Ренџерс. Домаќините беа апсолутни фаворити на свој терен и тоа го докажаа. Уште во 17. минута Ајакс дојде до водство преку Алварез. Само 15-тина минути подоцна веќе беше 2:0. Кудас му асистираше на Бергхјуз кој зголеми на 0:2.  Една минута подоцна резултатот повторно се промени, сега Кудас беше стрелец.

Веќе беше јасно дека Ајакс ги освојува бодови, а во второто полувреме холандскиот гигант со голот на Бергвин обезбеди триумф од 4:0.

Во вториот натпревар во истиот терминг Спортинг го изненади Франкфурт и во Германија го победи со 0:3. Првото полувреме не донесе многу возбудувања и на полувреме се замина со почетниот резултат.

Второто полувреме донесе три гола и сите три беа во мрежата на домаќинот. Едвардс го отвори резултатот после еден час игра, две минути подоцна Тринкао зголеми на 2:0, за конечните 3:0 да ги постави Сантос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Гоце Јовановиќ, долгогодишниот оперативец зад успесите на Балкан

Гоце Јовановиќ почина денеска во Скопје. Долгогодишниот генерален секретар на Балкан беше …