Дома Фудбал Aтлетико Минеиро со Хулк и Диего Коста стана шампион на Бразил!

Aтлетико Минеиро со Хулк и Диего Коста стана шампион на Бразил!

На три кола пред крајот Атлетико Минеиро стана шампион на Бразил.

Атлетико успеа да слави во драматичен меч против Баија и така ја обезбеди првата титула уште по 1971 година. До 66. минута Атлетико губеше со 2:0, но потоа успеаа да направат пресврт и да дојдат до победа од 3:2.

Херојот во овој натпревар беше Кено кој ги постигна вториот и третиот гол во период од три минути 74. и 77. Претходно Хул намали на 2:1. Сезонава Атлетико беше предводен од феноменалниот тандем Хулк – Диего Коста. Сезона Хулк ја заврши како најдобар стрелец во првенството со 18 гола, а има и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…