Дома Фудбал Лига на шампиони Aрнаутовиќ во Лигата на шампионите постави рекорд кој долго нема да биде срушен

Aрнаутовиќ во Лигата на шампионите постави рекорд кој долго нема да биде срушен

Tимот на Интер вчера во еден возбудлив натпревар успеа да се врати од 3:0 на полувреме до 3:3. Натпреварот донесе две различни полувремиња, а него посебно ќе го памети Марко Арнаутовиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арнаутовиќ го постигна голот за 3:1 на стартот од вториот дел. Овој гол е посебен затоа што за Арнаутовиќ ова беше првпат да се запише во листата на стрелци по пауза од цели 4.740 дена.

Пред вчерашниот натпревар Арнаутовиќ погоди пред 13 години во натпреварот помеѓу Вердер и Интер, но интересно е што тоа го направи како играч на германскиот тим.

Засега ова е убедливо најголемата разлика од еден до друг гол во најелитното европско натпреварување и сигурно рекорд кој тешко ќе биде соборен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…