Дома Фудбал Мартин Богатинов по четири години се враќа во репрезентацијата!

Мартин Богатинов по четири години се враќа во репрезентацијата!

Првиот голман на репрезентацијата Столе Димитриевски отпадна од конкуренција за настап за натпреварите во Лигата на Нации против Ерменија и Грузија поради позитивен тест на коронавирус.

На негово место селекторот Игор Ангеловски го повика Мартин Богатинов.

Ова за Богатинов ќе биде враќање во репрезентацијата по цели четири години. Македонија на 5-ти сетпември во Скопје ќе игра против Ерменија, додека три дена подоцна ќе се сретне Грузија на гостински терен.

Во овој момент тој е член на Етникос Ахна и е капитен на овој тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем тргнува по Фофана, Јувентус ја чека својата шанса

Тотенхем и Јувентус наводно веќе го контактирале Милан за Јусуф Фофана, додека Севилја теш…