Дома Трансфер зона Aлександар Хлеб и на 38 години ќе игра фудбал – потпишува нов договор

Aлександар Хлеб и на 38 години ќе игра фудбал – потпишува нов договор

0
hleb

Легендарниот белоруски фудбалер, Александар Хлеб во мај оваа година ќе го прослави 38-иот роденден, но смета дека се уште не е време да стави крај на кариерата.

Хлеб од летото 2017 година до март минатата година беше без клуб, а потоа потпиша за белоруски БАТЕ Борисов, а боите на овој клуб ќе ги брани најмалку уште една година.

Имено, Хлеб одлучи да го продолжи договорот со БАТЕ на уште една сезона. Тоа го потврди во разговор за белоруските медиуми.

„Имав добри понуди, но одлучив да го обновам договорот тука“, откри Хлеб кој наскоро ќе ги одмери силите со својот поранешен клуб Арсенал.

Ќе потсетиме БАТЕ и Арсенал ќе се сретнет во 1/16 финалето од Лигата на Европа.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Претседателот на ПСЖ му се заканува на Нејмар: Ќе седиш на клупа до 2022 година!

Вчера Нејмар се вратил во Париз и одржал состанок долг три часа со спортскиот директор на …