Дома Фудбал Aлегри: И да почнеме од почеток ништо не би променил, Виљареал играше на продолженија

Aлегри: И да почнеме од почеток ништо не би променил, Виљареал играше на продолженија

Јувентус вчера се соочи со елиминација од Лигата на шампионите после поразот од Виљареал, за клубот од Торино ова е трета година во низа во која настапот го завршува во осминафиналето.

Во претходните две години Јувентус беше елиминиран од Лион и Порто. Тренерот на Јувентус, Масмилијано Алегри порача дека ништо не би променил во играта на неговиот тим и покрај поразот од 0:3 кој дојде со три гола во финишот.

„Играа со деветмина зад топка, не сакаа да излезат повисоко. Не се обидуваа да не нападнат со контри и желбата им беше мечот да оди во продолженија, на крајот ние излеговме наивни. Не се лутам на никого, само сум разочаран како и сите. Сепак треба да го прифатиме ова“.

„Ако почнеме од почеток сега ништо не би променил. Цели 75 минути игравме добро, но во фудбалот секогаш се можни вакви работи, посебно во Лигата на шампионите“, изјави Алегри.

За Јувентус сега ќе остане борбата во Серија А каде што полека „старата дама“ се враќа во игра за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…