
Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓
Maсимилијано Алегри ќе заврши уште една сезона во Јувентус без трофеј, а италијанските медиуми пренесуваат дека во клубот се размислува за негов наследник.
Веќе подолг период навивачите на Јувентус не се задоволни и бараат смена на Алегри, но засега тоа не се случува. Сепак, последните информации се дека во Торино се размислува за нов стратег.
Иако засега никој од Јувентус јавно не најавил смена на тренерската позиција медиумите пишуваат за можните имиња.
Прв на листата е Игор Тудор. Тудор е поранешен играч на Јувентус, а беше и во стручниот штаб кога Андреа Пирло го водеше тимот. Сезонава тој бележи одлични резултати со француски Марсеј.
Се споменуваат и имињата на Тијаго Мота и Рафаеле Паладино, додека фановите го сонуваат Зинедин Зидан, меѓутоа тука е Јулијан Нагелсман кој е слободен по отказот во Баерн.