Дома Кошарка Aгентот потврди: Дончиќ добива 207 милиони долари за пет години!

Aгентот потврди: Дончиќ добива 207 милиони долари за пет години!

Лука Дончиќ по настапите на олимписките игри во Токио со неговата Словенија потпиша супер договор со Далас.

Најавите во медиумите се остварија, агентот на Дончиќ, Бил Дафи ја потврди информација. Дончиќ ќе остане во Далас во наредните пет години и ќе добие максимална плата од 207 милиони долари.

Изминатата сезона Дончиќ имаше просек од 27.7 поени, 8 скока и 8.6 асистенции по натпревар со ефикасност на шут од 47.9% во целост, а 35% за три поени. Со Дончиќ Далас две сезони стигнува до плеј-офот во НБА.

Освен со Дончиќ, Маверикс го продолжија договорот и со Тим Хардвеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Џекири се врати и го повлече Партизан: Басконија падна во Белград!

Партизан ја совлада Басконија со 80:66 за шестата евролигашка победа сезонава, а повратник…