Ливерпул и Пари Сент Жермен, кои денес ќе ги одмерат силите во првото коло од Лигата на шампиони, според многумина ги имаат „најсмртоносните“ напади на денешницата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Атоското трио на Клоп составено од Мохамед Салах, Роберто Фирмињо и Садио Мане, ќе се испрати против „трио-фантастико“ на ПСЖ, Нејмар, Кавани, Мбапе.
Еве што вели статистиката за овие величенствени напаѓачи и за нивното претставување во последната година:
Од август 2017 година со сега Салах, Фирмињо и Мане постигнале вкупно 99 гола во 165 меча, тука влегуваат и неверојатните 46 гола во 57 меча постигнати од Египќанецот.
Иако звучи неверојатно, но триото на ПСЖ е уште поефикасно. Статистиката вели дека Нејмар, Мбапе и Кавани постигнале 100 гола на 132 меча. Триото на ПСЖ има и три асистенции повеќе од колегите од Ливерпул – 45 против 42.
Во однос на креирани шанси за гол „црвените“ се подобри од „светците“ со однос 280 против 248. Тие се во предност и во бројот на испратени удари кон противничкиот гол 505 против 448.
Кога станува збор за дриблинзите, триото Нејмар, Кавани, Мбапе е поуспешно од триот на Ливерпул.
