Дома Фудбал ВАР е се повеќе популарен, но ваков начин на користење сигурно не сте виделе! (видео)

ВАР е се повеќе популарен, но ваков начин на користење сигурно не сте виделе! (видео)

Љубителите на фудбалот ширум светот имаат поделени мислења кога во прашање е видео техонлогијата (ВАР) која во последно време се повеќе се користи во најважната споредна работа на светот.

ВАР сигурно донесе многу добри промени во фудбалот, но јасно е дека се уште има недостатоци на кои може да се поработи. Дека на фудбалот му е потребен ВАР докажува една снимка од натпревар во Перу.

Имено, Аикут на свој терен го дочека тимот на Ретамос, домаќините славеа со 1:0. Неверојатен момент се случи при погодокот кога судијата не беше сигурен дали е корнер или гол. На крајот побара помош од фотографот кој беше сметен позади голот.

После прегледувањето на неговите фотографии судијата заклучи дека било гол, но дека топката излегла од мрежата што ги збуни сите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…