Ракометарите на Вардар со триумф и тоа кај европскиот шампион ја отвори овогодинешната сезона во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вардар ова лето претрпе големи промени, не го сметаат ни меѓу десетте фаворити во ЛШ, но покажа дека се уште има огромен квалитет и го победи европскиот шампион Монпеље на гостински терен со резултат 24:27.
Вардарци на стартот на вториот дел направија солидна предност од плус три, а потоа францускиот тим стигна до израмнување, па дури успеа и да поведе. Меѓутоа следуваше нова серија на „црвено-црните“ со кои стигнаа до плус четири, со кои веќе беше јасно дека победата ќе замине во Скопје.
Најефикасен ракометар беше Вуко Борозан со 8 погодоци, додека на голот се истакна Милосавјев кој имаше 15 успешни интервенции.