Дома Топ вести Тренерот на Тотенхем ја направи најголемата грешка во историјата на клубот!

Тренерот на Тотенхем ја направи најголемата грешка во историјата на клубот!

На Тотенхем оваа сезона бројни англиски клубови му гледаат во грв, а клубот од Северн Лондон има големи шанси повторно да се пласира во Лигата на шампиони следната сезона.

Ракописот на Маурисио Покетино се гледа во секоја акција на симпатичниот тим кој го предводи Хари Кејн, но Аргентинецот неодамна ја направи најголемата грешка во историјата на клубот. Имено, тој инсистираше минатото лето во клубот да дојде засилување кое се испостави како голема грешка.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Погодувате, станува збор за Муса Сисоко, најскапиот играч во историјата на клубот, кој после одличниот настап на Европското првенство, беше трансфер мета на бројни европски клубови, а најбрз беше Тотенхем кој за неговиот потпис плати 30 милиони фунти и така ги сруши сите клупски принципи.

Се очекуваше францускиот играч за врска да има место во стартниот тим, бидејќи кој купува толку скап играч за да ја грее клупата за резерви. Меѓутоа, Сисоко едноставно не се вклопи во тимот, и она што го одигра не беше ништо посебно и се погласни се шпекулациите дека на лето ќе си замине од „Вајт Харт Лејн“.

За работата да биде уште полоша, Сисоко е еден од најплатените играчи во клубот, па сури и позајмица за „спарси“ нема да биде лоша опција. Тотенхем имаше и други трансфер промашувања, како Роберто Солдадо, а и најновата аквизиција Винсент Јансен кој пристигна минатото лето.

Медиумите сеуште не пишуваат многу за грешките на овој одличен аргентински стратег па дури и тие ако се најголеми во историјата на клубот. Сепак, не е лесно да се биде пред Ливерпул, Манчестер и Арсенал на табелата, а зслугите за тоа секако одат на сметка на Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чаби Алонсо може да го замени Тен Хаг на „Олд Трафорд“

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се на…