Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека неговиот тим паднал во тешка група во Лигата на шампионите.
Сепак, целта на „светците“ оваа сезона е да го освојат најпрестижниот пехар, а Мбапе „потпишува“ за финале со Јувентус.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Имаме тешка група, но тоа е нормално за Лигата на Шампионите, бидејќи тоа е главниот турнир во Европа. Натпреварот против Наполи ќе биде тежок. Тимот на Анчелоти покажува добар фудбал со јасна филозофија и висок пресинг. Имам еден непријатен спомен поврзан со него – во 2016 година загубивме со Монако со 0:5 во пријателски натпревар“, истакна Мбапе.
„Финале Пари Сен Жермен – Јувентус? Потпишувам веднаш. Кристиано Роналдо е голем предизвик. Тој ќе го изведе италијанскиот фудбал повторно во преден план. Во последните години Серија А загуби малку престиж. Со Роналдо, луѓето повторно се заинтересирани за неа“, заклучи Французинот.