Бразилскиот играч за врска на Ливерпул, Фабињо смета дека Челзи направил голема грешка што го пуштил Тиму Бакајоко да се пресели во Милан.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според Фабињо, кој играше заедно со Бакајоко во Монако, Французинот допрва ќе го покаже своето високо ниво.
„Минатата сезона гледав неколку меча на Челзи и Бакајоко се претстави доста добро. Се разбира, првата сезона во нов клуб е секогаш тешка, но не очекував да замине. Сега Милан има фантастичен фудбалер“, изјави Фабињо.
„Сигирен сум дека во Милано ќе ја покаже својата класа и нивото на кое играше во Монако. Челзи направи голема грешка. Јас мислам дека ќе се врати во Англија и на сите ќе им покаже колку вреди“, додаде Бразилецот.