Дома Фудбал Италија Нови казни во Серија А: Стандарниот прволигаш може да се соочи со одземање на 15 бодови!

Нови казни во Серија А: Стандарниот прволигаш може да се соочи со одземање на 15 бодови!

serie a

Нема мир на Апенините.

Серија А пред нов скандал!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според тврдењата на италијанските медиуми тимот на Киево би можел да биде казнет со одземање на дури 15 бодови во тековната сезона!

Управата на клубот од Верона денес се сослушани од страна на Националниот суд кој е оформен од страна на Фудбалскиот сојуз на Италија.

Поради финансиските малверзации кои ги направиле, конкретно лажирање на финансиските документи, обвинителот бара казна од 15 бодови кои на „летечките магариња“ би им биле одземени во актуелната сезона.

Од друга страна прак на претседателот Кампедели му се заканува затворска казна во траење од 36 месеци во случај да се докажат сомневањата.

Киево во овој момент се наоѓа на последното место со само еден освоен бод и доколку навистина им бидат одземени 15 бодови тие веќе со една нога би биле во Серија Б.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…