Дефанзивецот на Волверхемптон, Рајан Бенет на социјалните мрежи се „пофали“ дека некој му ги украл сите четири тркала од неговото БМВ вредно 60.000 фунти.
Барнет веднаш ја контактирал полицијата за да пријави дека некој му ги украл сите четири гуми од автомобилот.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
28-годишниот фудбалер притоа преку социјалните мрежи понуди награда за оној кој знае кој го направил ова.
„Баш убаво е да се разбудите и да видите дека некој идиот ви ги украл гумите од вашиот автомобил. Доколку некој добие сомнителна понуда за Данлоп гуми со посебни фелни, веднаш нека ме контактира“, напиша играчот на Волвс на Твитер.