„Тутоспорт“ не се откажува! Веќе пишувавме дека овој медиум најавува спектакуларен трансфер на Погба во Јувентус веќе во јануари, а сега изнесува нови детали.
Наводно, Мино Раиола размислува и ќе се обиде на наредниот состанок со Бепе Марота да го убеди спортскиот директор на Јувентус, дека враќањето на Погба во јануари е реалност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно е дека Погба нема добар однос со Жозе Мурињо. Веќе даваше изјави на оваа тема и соопшти дека неговата иднина ќе биде решена во наредните неколку месеци.
Раиола наскоро се очекува да има состанок со Марота за да разговарa за статусот на Рикардо Орсолини и Алберто Чери младите репрезентативци на Италија кои се во сопственост на Јувентус, а настапуваат како позајмени фудбалери во Болоња и Каљари.
Тоа изгледа како идеална прилика во разговорот да се уфрли и темата „Погба“.
Секако, тука има проблеми, како што се оштетата и платата на Погба. Меѓутоа „Тутоспорт и претходно пишуваше дека Роналдо го сака Погба во тимот. Треба да се потсети дека токму овој медиум во Италија прв ја лансираше вест за нападот на Јувентус на Кристиано Роналдо.
Многу ќе зависи и од судбината на Жозе Мурињо на клупата на Јунајтед, но ако тој остане големи се шансите да видиме сензационален трансфер и тоа уште во јануари.