Дома Топ вести Каталонците откриваат: Нејмар плачел за да се врати во Барселона!

Каталонците откриваат: Нејмар плачел за да се врати во Барселона!

Минатото лето Нејмар го шокира фублаксиот свет кога одлучи да ја напушти Барселона и да се пресели во ПСЖ, а притоа стана и најскапиот фудбалер на сите времиња.

Меѓутоа, после само една година Нејмар многу жали што направил таков избор и сака да се врати во Барселона, пренесува „Мундо Депортиво“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Весникот пишува како Нејмар многу брзо почнал да се кае бидејќи соблекувалната на Барса била негов дом, а во Париз се чуствувал осамен.

Бразилецот оставил многу пријатели во Каталонија, па почнал да им кажува дека не е среќен и дека има желба да се врати. Ова најпрво му го соопштил на еден директор на Барселона со кога имал одличен однос а потоа и на уште неколку лица блиску до лидерите на клубот. „Мундо Депортиво“ вели дека во еден разговор со овие луѓе, Нејмар со солзи во очите побарал помош да се врати на „Камп Ноу“.

Меѓутоа првите луѓе на Барселона не сакаат да слушнат за таков потег, особено поради фактот што Нејмар на лош начин замина од клубот, па дури неговиот татко најави и тужба против каталонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Полиција го изнесуваше Гачевски од теренот во Тетово 🎥

Teнзично беше денес во натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар во Тетово кој домаќините го до…