Oва лето Русинот, Сергеј Горбок со големи амбиции се врати во редовите на Вардар, но за жал тој се соочи со тешка повреда и за него многу веројатно сезоната е завршена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Горбок ги повреди лигаментите на коленото, па јасно беше дека Вардар ќе мора да му бара алтернатива.
Вардарци еден ден по натпреварот против Железничар во рамките од СЕХА лигата доведоа негова замена.
Нов член на црвено-црните е младиот репрезентативец на Словенија, Грегор Оцвирик кој одби да го продолжи договорот со Целје.
„Пронајдовме решение кое одговара и на двете стран и поради тоа сум задоволен. Не сакавме да направиме нешто што ќе ја загрози кариерата на Грегор и му овозможивме да премине во клуб кој игра на највисоко ниво“, изјави директорот на Целје Рок Плакељ.