Дома Фудбал Меси: Време е да ја освоиме Лигата на шампиони!

Меси: Време е да ја освоиме Лигата на шампиони!

Новиот капитен на Барселона, Лионел Меси не крие дека главната цел на тимот оваа сезона е Лигата на шампиони.

Барселона имаше одличен старт во Примера и сигурно дека ќе се бори за освојување на титулата, но главна цел е трофејот од ЛШ.

„Оваа сезона треба да ја освоиме Лигата на шампиони. Имаме фантастичен тим“, изјави Меси.

„Мислам дека конечно е време да ја освоиме. Последните три сезони отпаѓавме во четвртфиналето, а последната елиминација сигурно беше најболна. Мислам дека сите во клубот треба да се насочиме кон таа цел“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мрежите мируваа во Рен: Олимпијакос остана без четврта победа

Рен и Олимпијакос одиграа 0-0 во Лигата на Европа. Гостите имаа повеќе посед и удари, но д…