Дома Фудбал Валверде смета дека Барса добила најтешка група, но истакна и добра страна ждребот

Валверде смета дека Барса добила најтешка група, но истакна и добра страна ждребот

Фудбалерите на Барселона, како и останатите клубови учесници во групната фаза од Лигата на шампионите ги добија своите противници за новата сезона.

Барселона во групната фаза од најелитното европско натпреварување ќе се сретне со Тотенхем, ПСВ и Интер.

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде смета дека неговиот тим ја добил најтешката група.

„Тешка е нашата група, можеби и најтешка. Нема да ни биде лесно, клубовите се навистина атрактивни“.

„Тотенхем игра на високо ниво во последните години, имаат одличен спој на физички и технички квалитет и тие се еден од најтешките противници кој можевме да ги добиеме од вториот шешир“, изјави Валверде кој потоа истакна добра страна ждребот.

„Стартуваме и завршуваме на домашен терен и тоа многу ќе ни помогне, ќе видиме како ќе биде во новите термини“, смета стратегот на шпанскиот гигант.
Првиот натпревар во Лигата на шампионите Барселона го игра против ПСВ на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мрежите мируваа во Рен: Олимпијакос остана без четврта победа

Рен и Олимпијакос одиграа 0-0 во Лигата на Европа. Гостите имаа повеќе посед и удари, но д…