Дома Фудбал Лига на шампиони Тухел: Црвена Звезда е големо име, се сеќавам кога го освоија Купот на шампиони

Тухел: Црвена Звезда е големо име, се сеќавам кога го освоија Купот на шампиони

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел е воодушевен бидејќи неговиот тим во ЛШ ќе игра против Црвена Звезда.

Неговиот ПСЖ вчера за ривали во групната фаза ги доби Наполи, Ливерпул и Црвена Звезда. Тухел посебно ги пофали црвено-белите зборувајќи дека дуелите со Звезда ќе му разбудат некои стари спомени.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Црвена Звезда е големо име. Се сеќавам на нивните победи во Купот на европските шампиони во 1991. година. Среќен сум што добив прилика да го водам тимот против Звезда, тој дуел ми враќа некои емоции од минатото. Црвена Звезда и натаму е голем клуб.“ – изјави Тухел па се осврна на останатите тимови од групата:

„Ждребот беше немилосрден. Наполи има искусен тренер и одлична екипа. Ливерпул минатата сезона играше во финалето. Имаат брза екипа, долго се заедно и имаат феноменални играчи.“

Инаку, ПСЖ групната фаза во ЛШ ја отвара со натпреварот против Ливерпул на Енфилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…