Дома Фудбал Лига на шампиони Не беше радоста за џабе: Звезда синоќа заработи богатство!

Не беше радоста за џабе: Звезда синоќа заработи богатство!

Фудбалерите на Црвена Звезда синоќа остварија историски успех и со елиминацијата на Салцбург се пласираа во групната фаза од ЛШ.

Покрај фактот што влегоа во елитата, српскиот клуб ќе заработи и огромна сума пари од УЕФА.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, самиот пласман во групната фаза на „црвено-белите“ им донесе 15 милиони евра, меѓутоа тоа не е се. За секоја победа која ќе ја оствари Звезда ќе инкасира 2,7 милиони евра, а за секое реми 900.000 евра.

Исто така голема придобивка е фактот што и младинскиот тим автоматски ќе се натпреварува во Лигата на шампиони за млади. Младинците на Звезда ќе бидат следени од голем број на скаути и нивната цена значително ќе се зголеми со европските настапи.

Притоа, одличните европски партии му овозможија на српскиот тим својот најдобар фудбалер Немања Радоњиќ да го продаде во Марсеј за 12 милиони евра, па слободно може да се констатира дека Црвена Звезда во наредните години сигурно нема да има финансиски проблеми.

Денес од 18:00 часот на ждрепката во Монако, Звезда ќе ги добие противниците за фазата по групи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…