Oткако утрово се појавија информации дека ги поминал медицинските прегледи сега е објавен и новиот клуб на Јаја Туре.
35 годишниот играч за врска кој го напути Манчестер Сити од наредната сезона ќе го носи дресот на тимот на Олимпијакос клуб со кој ќе потпише договор вреден два милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Туре после 13 години се врача во тимот од Пиреа. Дресот на Олимпијакос го носеше во сезоната 2005-2006 забележа 26 настапи и постигна три погодоци.
После Олимпијакос го носеше дресот на Монако, Барселона и Манчестер Сити со кој ја заврши соработката на крајот на минатата сезона.
Ќе потсетиме, доцна вчера вечер беше објавено дека ги поминал прегледите во Лондон, иако се шпекулираше дека ќе потпише за некој англиски клуб сепак се одлучи за враќање во Олимпијакос.