Дома Македонски спорт Мак фудбал Академија Пандев сериозно се засили – пристигна Ванче Шиков

Академија Пандев сериозно се засили – пристигна Ванче Шиков

Тимот на Академија Пандев одлично ја започна сезоната и моментално се наоѓа на лидерската позиција на табелата, а денес донесе ново големо засилување со што ги потврди високите амбиции.

Денес Академија Пандев постигна договор со македонскиот репрезентативец Ванче Шиков кој последните недели тренираше со екипата, но од административни причини немаше право на настап. Се очекува документите да биде комплетирани во следниот период и тој да настапи веќе во следното коло против својот поранешен клуб Работнички.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Шиков има богата интернационална кариера, а во домашното првенство играше за Тиквеш, Победа, Работнички, па Академија Пандев ќе биде негов четврти македонски клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…