Манчестер Јунајтед минатата сезона не освои ниту еден трофеј, а оваа сезона уште во второто коло го запиша првиот пораз.
Јавноста и навивачите се разочарани од слабите игри на „црвените ѓаволи“, а критиките кон Мурињо се се поголеми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред вечерашното дерби пртив Тотенхем, Маурисио Покетино застана во одбрана на својот пријател.
„За секој млад тренер Жозе е инспирација. Јас лично многу нешта ги научив од него. Тој е навистина неверојатен тренер. Имам многу добар однос со Мурињо уште кога бев тренер на Еспањол и имам огромна почит кон него. На сите тренери им се случуваат подеми и падови“, изјави Покетино.
„Кога ќе изгубите се чувствувате одговорни. Јас сум тренер и ја прифаќам одговорноста. Јас секогаш размислувам дека треба подобро, дури и кога ќе победите можете подобро. Тоа е победнички менталитет, морате да победувате во секоја можна ситуација“, додаде тренерот на „спарси“.