Манчестер Јунајтед доживеа незгоден пораз на гостувањето кај Брајтон 3:2, во натпревар во кој одбраната ги покажа сите свои слабости.
Мурињо со право во целиот преоден рок бараше врвен дефанзивец, бидејќи на овој меч се покажа дека со ваква одбрана „црвените ѓаволи“ тешко ќе стигнат до шампионската титула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Брајтон одлично го отвори мечот и поведе во 25-та минута преку Мари после една одлична акција. Само неколку минути подоцна следуваше нов шок за Јунјатед, Дафи најдобро се снајде во шеснаесетниот и погоди за 2:0.
Во 34-та минута надежта ја врати Лукаку, но пред самиот крај на полувремето судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор за Брајтон беше Грос.
Во второто полувреме Манчестер Јунајтед се обидуваше да ја стигне предноста, но покажа безидејност и не создаде ниту една зрела шанса. Во 94-та минута судијата досуди пенал за „црвените ѓаволи“, а поразот од белата точка го ублажи Погба.