Дома Трансфер зона Oфицијално: ПСЖ купи стопер од 37 милиони евра

Oфицијално: ПСЖ купи стопер од 37 милиони евра

Oна што беше најавено денес доби и официјална потврда – Пари Сен Жермен има нов стопер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот шампион на Франција на својот Твитер профил објави дека после постигнатиот договор со Шалке, завршени се и формалностите, па Тило Кехрер од денес е официјално играч на францускиот клуб.

Сега веќе поранешниот фудбалер на Шалке потпиша договор со ПСЖ до 30 јуни 2023 година.

21 годишниот фудбалер е роден во Тибинген во регионот на Штудгарт и важи за еден од најпреспективните германски играчи. Редовно е член на германските млади селекции од 2012 година, во тимот до 21 година ја носи и капитенската лента.

Во 2017 година со оваа селекција го освои Европското првенство во Полска.

ПСЖ на Шалке за трансфер на овој фудбалер ќе му плати сума од 37 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…