Дома Фудбал Англија Распродажба во Ливерпул – Седум играчи на трансфер листата

Распродажба во Ливерпул – Седум играчи на трансфер листата

Ливерпул минатата сезона беше најпријатното изненадување во ЛШ, а избраниците на Јирген Клоп дојдоа до самото финале каде на крајот беа поразени од Реал Мадрид.

Во оваа сезона од Ливерпул се очекува многу, а навивачите се надеваат дека клубот конечно ќе ја освои ПЛ. Во составот на Ливерпул немаше многу промени, а за Клоп е најважно што успеа да ги задржи најдобрите играчи и дополнително ја засили екипата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот стручњак на располагање има голем број играчи, но јасно е дека ќе има продажба на Енфидл. Според пишувањата на англиските медиуми Клоп ќе стави на трансфер листа седум  играчи. Иако во Англија е завршен преодниот рок тие имаат можност да продаваат на клубови каде преодниот рок се уште не е завршен.

Прв кој би можел да го напушти Енфилд е Рагнар Клаван кој едноставно има пресилна конкуренција во одбраната. Клаван тешко може да се избори за место во тимот покрај Ван Дијк, Ловрен, Матип и Гомез, па се очекува да го напушти клубот. По неговите стапки би можел да тргне и Марко Грујиќ кој најверојатно ќе замине на позајмица во некој од клубовите во Чемпиошип.

На излезните врати се уште Симон Мињоле, Дивок Ориги, Лазар Марковиќ, Педро Чиривела и Шеј Оџо. Клоп отворено им соопштил на овие играчи да не се надеваат на преголема минутажа и за нив ќе биде најдобро да си ја бараат среќата во друга средина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…