Тимот на Интер е исклучително активен во досегашниот дел од преодниот рок, а изгледа дека на „Џузепе Меаца“ се уште не ставиле точка кога во прашање се засилувањата од играчкиот кадар.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми во текот на вчерашниот ден објавија дека „нероаѕурите“ постигнале договор за Кеита Балде.
Најавите се дека Балде уште утре ќе пристигне на медицинските прегледи во Милано, а начинот на кој Интер ќе го доведе овој фудбалер е позајмица со обврска за откуп наредното лето.
За едногодишна позајмица Интер на Монако ќе му плати сума од пет милиони евра, но наредното лето на клубот од Кнежеството ќе мора да исплатат 34 милиони евра. Кеита со Интер по истекот на позајмицата ќе потпише договор на пет години.