Откако беше јасно дека Тибо Куртоа сака само во Реал Мадрид, Челзи беше принуден да купи нов голман, на крајот стигнаа до потписот на Кепа Аризабалага од Атлетик Билабо за 80 милиони евра.
Аризабалага ќе биде нов прв голман на Челзи, но тој медиумите на на Островот стигнаа до информации дека тој не бил прв избор на управата на „сините“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, чуварот на мрежата на Атлетико Мадрид, Јан Облак бил прв избор на Маурицио Сари за голманската позиција, но „јорганџиите“ не сакале да слушнат за негова продажба и ја одбиле понудата од огромни 100 милиони евра.
Тогаш во моменти кога немаа многу време луѓето на Челзи го избраа Кепа, а на времето ќе покаже дали направиле добар потег. На крајот можеби и ќе се покаже како подобра опција со оглед на тоа што поминаа поевтино.