Дома Трансфер зона Реал Мадрид навистина е остварување на детскиот сон за Тибо Куртоа (видео)

Реал Мадрид навистина е остварување на детскиот сон за Тибо Куртоа (видео)

kurtoa

Tибо Курто вчера и официјално беше промовиран како нов голман на Реал Мадрид, каде што пристигнува од редовите на Челзи за сума од 35 милиони евра.

Белгиецот на претставувањето ја даде веќе добро познатата и по малку досадна изјава на фудбалерите при доаѓањето во нова средина „го остварив својот сон“, но Куртоа не „лаже“, а за тоа има и доказ.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Додека беше член на Атлетико баш и немаше многу симпатии кон градскиот ривал, но едно видео од неговото детство кое се појави на друштвените мрежи докажува дека Тибо во најраната возраст бил навивач на „кралевите“.

Имено, на видеото добро може да се забележи знамето на Реал Мадрид закачено во неговата детска соба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…