Maнчестер Јунајтед вечерва со почеток од 21:00 часот ја стартува новата сезона во Премиер лигата против тимот на Лестер, а случувањата во текот на преодниот рок би можеле да имаат негативно влијание врз тимот на Жозе Мурињо.
Мурињо покрај тоа што не е задоволен од добро одработениот преоден рок има проблеми и со повредените играчи, помеѓу нив се Немања Матиќ, Рохо, Ромеро, Валенсија и Ерера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Епилогот од преодниот рок за Јунајтед дефинитивно не е онаков каков што Португалецот посакуваше.
Во клубот пристигнаа само: Диаго Далот (Порто), Фред (Шахтјор) и Грант (Стоук).
Заминаа: Керик (се повлече), Рили (Бредфорд), Хендерсон (Шефилд Јунајтед, позајмица), Џонстон (ВБА), Блинд (Ајакс), Вилок (Сент Мирен), Бортвик-Џексон (Скантроп, позајмица), Џоел Переира (Виторија Сетубал, позајмица), Туанзебе (Астон Вила, позајмица), Фосу-Менсах (Фулам, позајмица).
Она што во последните моменти се очекуваше е Манчестер Јунајтед да ангажира барем еден стопер, се споменуваа бројни имиња: Алдервилд, Мина, Годин, Боатенг, Зума, Мегваер, но на крајот – ништо!
Мурињо на вчерашната утринска конференција (9:30) најави дека нема да има ништо, многу се сомневаа во вистинитоста, но до крајот на денот зборовите на Жозе се покажаа како точни.
Денес, еден ден подоцна се појавија и информации во британските медиуми дека наводно Мурињо поради незадоволството од одработениот преоден рок размислувал и за отказ!
Наводно, Мурињо не би имал никаква дилема околу заминувањето доколку не се работело за клуб со реноме на Манчестер Јунајтед.
Португалецот токму поради споменатата ситуација во преодниот рок не е во добри односи со Ед Вудворд, па останува да видиме каква ќе биде актуелната сезона за „ѓаволите“. Ќе потсетиме, Мурињо пред неколку дена самиот најави дека без засилувања ќе биде тешка.