Раководството на Лацио сака да го засили нападот до крајот на преодниот рок, а најголема желба е ѕвездата на Селтик, Муса Дембеле.
Французинот важи за еден од најперспективните напаѓачи во Европа и минатите три сезони беше прогласуван за најдобар млад играч во Скотска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дембеле редовно ги тресе противничките мрежи и во 90 натпревари постигна преку 50 гола, од 2015 година кога пристигна во Селтик.
Сепак, на Лацио воопшто нема да му биде лесно да го донесе 22-годишниот напаѓач во Рим, бидејќи за него интерес покажуваат многу европски гиганти.