Дома Трансфер зона Пресврт: Трансферот на Калиниќ во Атлетико може да пропадне?!

Пресврт: Трансферот на Калиниќ во Атлетико може да пропадне?!

Никола Калиниќ овие денови се наоѓа во Мадрид со цел да ги заврши сите потребни формалности, а тука пред се мислиме на лекарските прегледи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договор е постигнат, познатата е и висината на оштетата на хрватскиот напаѓач.

Се е познато, се се знае, но Никола Калиниќ се уште не е официјално нов фудбалер на тимот на Диего Симеоне. Една работа го кочи трансферот.

Тоа е трансферот на Кевин Гамеиро во Валенсија и тоа практично беше решено, но се појавија проблем и додека Атлетико не се ослбоди од Гамеиро, Калиниќ нема да стави потпис на договор со „јорганџиите“.

Проблемот со Гамеиро се појави околу бонусите. Основниот трансфер изнесуваше 16 милиони евра и тука не е ништо спорно, но не можат да се договорат околу дополнителите ставки.

Францускиот фудбалер не беше дел од пријателскиот натпревар против Каљари кој Атлетико вчера го доби со 1:0, но и понатаму се наоѓа на платениот список на Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…