Дома Фудбал Евертон во последен момент ќе се обиде да го донесе Андре Гомез

Евертон во последен момент ќе се обиде да го донесе Андре Гомез

Португалскиот фудбалер Андре Гомез долго време се поврзува со заминување од Барселона, но никако да се реализира некој трансфер.

Последниот клуб во низата кои се заинтересирани за него е Евертон. Како што пренесува Дејли Мејл, Карамелите во последните моменти од овој трансфер период ќе се обидат да го ангажираат Португалецот.

За сега не е познато колку пари бара Барселона, но се претпоставува дека нема да прави поголеми проблеми доколку дојде до договор помеѓу Евертон и Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас погоди, Интер прокоцка два гола предност: Луди 4-4 во Бергамо!

Елиф Елмас беше меѓу стрелците во спектакуларното реми на Аталанта и Интер, во кое ниту пр…