Англискиот голман Џо Харт го напушти Манчестер Сити!
Она што утрово беше најавено сега доби и официјална потврда, Џо Харт е нов голман на Барнли.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Харт со Барнли потпишал договор на две години според кој ќе заработува 3.5 милиони евра по сезона.
Своевремно Харт важеше за најдобрите голмани во светот, но со доаѓањето на Гвардиола во Манчестер Сити неговата кариера тргна во надолна линија, последната сезона ја помина во Вест Хем како позајмен фудбалер.
Кога во прашање е репрезентација го загуби местото, Герет Саудгејт не го повика за Мундијалот кој ова лето се одигра во Русија.
OFFICIAL: Burnley have signed goalkeeper Joe Hart from Manchester City for £4m on a two-year contract. pic.twitter.com/wD9oJNSMav
— TransferNewsCentral (@TransferNewsCen) August 7, 2018