Рафаел Ван Дер Варт пронајде нов, седми клуб во неговата кариера.
После Ајакс, Хамбург, Реал, Тотенхем, Бетис и Мидтјланд тој ги договори условите со новиот клуб.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ван Дер Варт ќе настапува за дански Есбјерг, тој денес потпиша договор со клубот кој претходно успеа да се пласира во најсилниот ранг во данскиот шампионат.
Јасно, тој е далеку од најдобрата форма, но не се откажува и смета дека се уште има што да понуди на професионален план.
Последниот клуб за кој играше беше исто така од Данска, Мидтијланд, каде што баш и не се прослави постигнувајќи два гола во првенството за две години.