Дома Фудбал Останато Ван Дер Варт: Барселона ќе ја освои Лигата на шампионите

Ван Дер Варт: Барселона ќе ја освои Лигата на шампионите

Рафаел Ван Дер Варт е човек кој не размислува премногу и секогаш го кажува она што го мисли.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред само неколку недели Ван Дер Варт ја критикуваше Барселона и првиот човек на клубот, Жоан Лапорта. Холанѓанецот го нарече Лапорта идиот.

„Како може да купувате играчи кога немате пари? За мене тоа е срамота. Лапорта секаде се смее со својата глава, овој човек мисли дека е крал, но според мене е малку идиот. Не можете да постапувате така со фудбалерите. Френки заработувал премноуг? Ако сте потпишале договор тогаш треба да се држите до него, а не вака…“, изјави Ван Дер Варт.

Сега околу еден месец подоцна Ван Дер Варт даде изјава во која ја истакнува Барселона како фаворит во Лигата на шампионите.

„Барселона ќе ја освои Лигата на шампионите. Тоа е само мое чувство, не се темели на ништо посебно“, изјави поранешниот холандски фудбалер.

Барселона во првото коло од групната фаза забележа убедлива победа против Викторија Плзен од 5:1, а вечерва ја чека тешко гостува кај Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…