Во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите, Манчестер Сити ремизираше на гостински терен против Реал Мадрид, а по овој натпревар повторно имаше критики за Ерлинг Халанд.
Халанд е критикуван веќе некое време дека во големите натпревари никаде го нема и не може да постигнува голови кога го чуваат квалитетни дефанзивци. За критичарите вчерашниот натпревар е ште еден доказ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Многумина сметаат и дека Хулијан Алаварез треба да почне да добива повеќе шанса бидејќи повеќе би придонел во играта која ја практикува Пеп Гвардиола.
Остар кон Норвежанецот беше и поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Рафаел Ван Дер Варт.
„Беше навистина лош, тој е бескорисен ако не постигнува голови. Со топката во нозете е просечен играч. Неговите соиграчи го прескокнуваа, беше најлошиот на теренот“, изјави Ван Дер Варт.