Шиме Врсаљко после две години се враќа во Италија, Хрватот го напушти Атлетико и ќе го носи дресот на Интер.
Врсаљко вчера вечер пред полноќ пристигна во Милано, а денес ги поминува редовните медицински прелгеди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму во денот кога Врсаљко пристигна во Милан се појави и една сензационалната вест – Интер преговара со Лука Модриќ!
Ваквата информација ја пренесе Џанлука Ди Марцио, кој тврди дека подолго време се обидувал да открие на кој голем трансфер работи управата на „нероаѕурите“ (освен Видал и Врсаљко).
При пристигнувањето на местото каде што беше предвидено да се поминат медицинските прегледи, очекувано беа собрани голем број фанови.
Еден од навивачите имаше и интересно прашање за Врсаљко: Ќе ни го доведеш ли и Модриќ?
На ваквото прашање Врсаљко одговори само со насмевка.
#Calciomercato | #Inter, finite le visite mediche di #Vrsaljko: le immagini ?⬇https://t.co/fmHmA6W0mF
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 1, 2018