Челзи ги обнови преговорите со Реал Мадрид за Тибо Куртоа, пренесуваат англиските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според „Скај Спорт“ Челзи нема да се раздели со Куртоа додека не најдат негов заменик. Цената на Белгиецот во моментов изнесува 35 милиони евра, а Реал Мадрид е спремен да ја плати веднаш.
Доколку „сините“ не најдат замена Куртоа ќе треба да остане и да ја одработи последната година од договорот со Челзи, а потоа следното лето може да замине без обештетување.
Од „Стенфорд Бриџ“ се уште се надеваат дека мжожат да го убедат Белгиецот да потпише нов договор, но тоа е малку веројатно.
Минатата сезона Куртоа запиша 46 меча за Челзи и беше избран за најдобар голман на Светското првенство во Русија.